Blog
Обука за координатори во рамките на проектот Суперучилишта
- September 29, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Како дел од третиот Отворен повик на програмата за суперучилишта, околу 100-тина наставници од регионот, координатори на одобрените проекти за Суперучилишта, се придружија на Обуката за наставници во периодот од 25-28 септември 2024 година во Врњачка Бања, Република Србија.
Нашетото училиште, стана дел од оваа програма преку проектот “CHALENGE” во соработка од Техничката школа од Ужице, под координаторство на наставниците Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески.
На овој 4-дневен настан, Г-дин Алберт Хани, генерален секретар на RYCO, со мотивирачки зборови ја истакна клучната улога на образованието во премостувањето на Западен Балкан. 🌍
Секој почитуван говорник, вклучително и советникот на ГИЗ г-ѓа Дхурата Газули, г-ѓа Марија Булат, раководител на локалната подружница на RYCO во Србија, г-ѓа Мимоза Гаврани, проект менаџер за суперучилишта, г-ѓа Теодора Столевска, раководител на програми на RYCO и г-дин Недим Крајшник , водечки тренер и експерт, ги споделија своите уникатни искуства и перспективи. Тие ја истакнаа суштинската улога на иновативните проекти во зајакнувањето на регионалните врски и унапредувањето на наставните методи.
#RYCO#RegionalYouthCooperationOffice#GIZ#EU#RegionalCooperation#Westernbalkan







