На ден 20.9.2024 година во Europe house на церемонијален настан: „Запознајте ги Суперучилиштата“ во организација на Regional Youth Cooperation Office – RYCO, беа потпишани 15 договори за 15 нови или постоечки но продлабочени соработки.
ОЕМУЦ Св. Наум Охридски од Охрид, под координаторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, е едно од 15 училишта од нашата држава кои го добија престижниот статус „Суперучилиште“ во овој циклус, што означува значаен чекор напред во поттикнувањето на градењето мир, помирувањето и меѓукултурното учење преку иницијативата „Суперучилишта”.