Blog
Државен натпревар „Лидер на струка“ 2018
- December 6, 2018
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 03.12.2018 година во ОСТУ “Наце Буѓони” во Куманово, по петти пат се одржа натпреварот за избор на Лидер на струката од завршните години од средното стручно образование (електротехничката, машинската и сообраќајната струка), на кој успешно учество имаа и учениците на средното стручно училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид.
Во машинската струка во образовниот профил машински техничар, прво место освои ученикот Александар Петрески под менторство на професорите Владо Трајчески и Стојан Новески, додека во образовниот профил автотехничар мехатроничар, прво место а воедно и Лидер на машинската срука освои ученикот Адријан Тасески под менторство на професорите Вангел Костоски и Климе Ристоски. Во образовниот профил техничар за компјутерско управување успешно учество имаше и ученичката Магдалена Голабоска под менторство на професорите Тоде Дукоски и Танче Танески.
Во сообраќајната струка во образовен профил техничар за патен сообраќај, прво место и Лидер на сообраќајната струка освои ученичката Мирјана Милеска, под менторство на професорите Ѓоко Милески и Наташа Гредоска, а ученикот Климент Митоски го освои третото место.
На натпреварот зедоа учество и ученици од електротехничката струка. При тоа Христијан Крстаноски од образовниот профил електротехничар-енергетичар под менторство на професорите Сашо Ѓорѓиески и Владо Јанкулоски го освои четвртото место. Четврто место во образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика освои и ученикот Влатко Домазетоски под менторство на професорите Сања Јованоска и Гоце Ѓорѓиевски, а ученикот Марио Димовски од образовниот профил електротехничар за електроника и телекомуникации под ментроство на професорите Никола Јованоски и Љупчо Балески го освои шестото место.





