На ден 28.12.2018 година (петок) ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со скромна церемонија го одбележа својот патронен празник. На церемонијата од страна на директорот професор Сашо Недески беше одржан пригоден говор за животот и делото на патронот на Центарот Свети Наум Охридски.
Во рамките на церемонијата беа доделени пригодни награди и пофалници за најдобрите ученици во изминатата година.
Исто така беа доделени и благодарници на пензионираните професори од изминатава година за нивниот придонес во развојот на центарот како и благодарници за повеќе од десетгодишното континуирано работење на вработени во Центарот.
На церемонијата со едноминутно молчење беше оддадена почит кон прерано починатиот градоначалник на општина Охрид Професор Д-р Јован Стојаноски.