Blog
Подготвителен состанок за Балкан Јуниор 2019
- October 27, 2018
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Под покровителство на градоначалникот на општина Охрид, професор др. Јован Стојаноски, од 24.10.2018 година до 26.10.2018 година во ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид, се одржа подготвителен состанок за меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор 2019“ на кој учествуваа професори – ментори и директорите на Електро – машинските училишни центри од девет балкански држави.
Претходен домаќин на натпреварот беше градот Лабин, Хрватска http://www.ssmb.hr/449/balkan-junior. На подготвителниот состанок се разгледуваше предлог практична задача, која ќе се изработува на училишна CNC – машина од страна на учениците на натпреварот „Балкан Јуниор 2019“, кој ќе се реализира од 02.05.2019 година до 05.05.2019 година во градот домаќин Охрид. Повеќе информации за натпреварот можете да најдете на следниот линк https://emucohrid.edu.mk/balkan-junior-2019//
Делегацијата од директорите од електромашинските центри на земјите учеснички, беше во посета на Локалната самоуправа на Општина Охрид, која оствари средба со шефот на Кабинетот на градоначалникот Илија Пиперкоски, на која беа претставени учесниците на натпреварот. Изразено беше големо задоволство и благодарност до Градоначалникот за неговата подршка на овој меѓународен натпревар.
Учесниците по состанокот имаа можност да уживаат во природните убавини на Охрид и да ги запознаат културно – историските знаменитости на градот.