Во соработка со СВР Охрид, Црвен крст Охрид и ТППЕ Охрид на 20.12.2024 година точно во 09.30 часот беше изведено “Сценарио за показна вежба на евакуација во случај на земјотрес”.
Според постојниот план за евакуација, учениците и професорите ги напуштија училишните простории од три излези од училишната зграда до зборните места во дворот од училиштето.
Со вежбите од овој вид се зголемува степенот на организираност и брза реакција во случај на елементарна непогода.