На ден 8.2.2025 г. во просториите на Младинскиот центар од Охрид се одржа првиот пазар за заштита на животната средина со продажба на стара и сочувана облека, играчки, книги и обувки со цел подигнување на свеста за важноста од здрава животна средина.
Исто така, овој настан имаше и една хумана цел – помош за 26-годишниот Александар, кој боледува од канцер.
Членовите на ЛМО при ОЕМУЦ зедоа активно учество на пазарот и продаваа свои работи, а собраните средства ги донираа за втора шанса за Александар.