По повод 17 Март, Денот на крводарителството, во просториите на Црвениот крст од Охрид се одржа манифестација во чест на сите крводарители кои несебично ја донираат својата крв за да спасат човечки животи.
Годинава, ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид доби плакета за особен придонес во развојот на крводарителството меѓу младите.