На 08.03.2024 година во просториите на ЕВН Македонија во Скопје се одржа церемонијата на доделување на награди на ученички од средните училишта кои учествуваа на натпреварот на тема обновливи извори на енергија. Меѓу наградените беше и Ана Новеска ученичка во IV-4 клас во образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Таа го освои третото место за најдобра web страна на споменатата тема.
И честитаме за освоената награда и и посакуваме успех и во иднина.