Вести
На ден 5.4.2023 г. во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид беше спроведена крводарителска акција во соработка со Службата за трансфузиона медицина и Црвениот крст од Охрид. За оваа крводарителската акција беа собрани 18 крвни единици и нашиот Центар уште еднаш се покажа како општествено-одговорна институција. Дарувањето крв е највисок чин на човекољубие. […]
На 01.04.2023 година во просториите на Природно математичкиот факултет во Скопје се одржа LXVI-иот државен натпревар по математика за учениците од средно образование. На овој натпреварот ученикот од прва година Владимир Каланоски освои пофалница. Ученикот беше под менторство на професорката Емилија Колевска. На натпреварот учествуваа вкупно 55 ученици од прва година од сите гимназиски и […]
Во периодот од 26.03 до 31.03.2023 година во Хераклион, Крит се одржа работна средба на претставниците на партнерските училишта и организации во рамките на проектот DigitalVet подржан од Еразмус плус програмата. На оваа средба учествуваа директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, професорот Сашо Недески како и професорите Сања Јованоска, Стојан Новески, Јорданка Недеска Симиџиоска и […]
Се пријавив на Erasmus на тема ,,Fast fashion” (Брза мода) и бев прифатен да учествувам. Проектот започна на 20.3.2023 година. Пристигнав во хотелот „Солферино“ во Струга, кој е сместен на самиот брег на Охридското Езеро. Активностите започнаа на 21.3.2023 год. поради доцнење на летовите на останатите членови во проектот. По појадокот, започнавме со меѓусебно запознавање […]
На општинскиот натпревар по Англиски јазик кој се одржа на 18.03.2023 година, нашите ученици постигнаа одлични резултати. Учениците Андреа Савиќ од I година и Андреј Цацаноски од III година освоија прво место, ученикот Виктор Попов од III година освои второ место , а ученикот Филип Гугоски од I година го освои третото место. Учениците беа […]
на 21.03.2023 година по повод Денот на екологијата, учениците од нашето училиште засадија дрвја и го разубавија училишниот двор. Сите заедно да придонесеме за зачувување на животната средина.
На 15.03.2023 година ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ претставен од директорот Сашо Недески и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, претставен од проректорот Устијана Речкоска Шикоска потпишаа Меморандум за соработка. Целта на овој Меморандум е да се воспостави соработка во многу области како што се остварување на образовна и научна соработка со користење […]
На ден 15.3.2023 г. членовите на Младинската организација при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа поканети да присуствуваат на работилница на тема: ,,Локална дискусија наменета за средношколците”. На оваа работилница беа поканети младинци од сите средни училишта меѓу кои и младинците од нашиот училиштен центар. Младински Центар Охрид, Ви благодариме за поканата.
На ден 14.3.2023 г. учениците од нашето училиште кои истовремено се и членови на Младинската организација при OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ волонтерски помогнаа при расчистување на отпадот во речното корито на реката Сушица. Енхелеус Лихнид, ви благодариме за поканата и за можноста да учествуваме во оваа еко-акција. Сите заедно можеме да делуваме за почист и поубав […]
Во периодот од 09 до 11.03.2023 година во КОСТАЛ Македонија се одржа тридневна работилница за монтажа на мехатронички сетови кои се донирани од Делегацијата на германското стопанство во Македонија. На оваа работилница учествуваа учениците и наставници од Охрид, Велес, Прилеп, Кавадарци и Битола, како и ментори од компаниите кои се партнери во дуалното образование. […]