По повод Меѓународниот ден на младите, во Вилата на Претседателката во Охрид, Младински Центар Охрид и Коалиција СЕГА организираа инспиративна средба и активности со локални млади меѓу кои бевме и ние поканети како Центар со тоа што ја презентиравме успешноста на мобилната апликација TrashPinger и целиот вложен труд низ годините што изминаа.
Исто така, на настанот беа поканети и сите првенци на генерацијата од средните училишта од Охрид.
Настанот беше симбол на поддршка за младинската енергија, креативност и нивната улога во градењето на идните генерации и општеството.