Во соработка со транспортните претпријатија „Галеб“ АД Охрид, Омега Експрес и Ина Пупе Компани од Охрид во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа реновирани две училници. Реновирањето опфати поправка на подовите со поставување на ламинат кој беше донација од страна на компаниите како и поправка на електричната и компјутерската инсталација.
На овој начин се изврши подобрување на условите за работа и учење на наставниците и учениците.