Blog
Во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на ден 13.02.2026 година во организација на Општина Охрид, се одржа работна средба-социјален дијалог „Учи паметно-работи стручно“ На оваа средба свое обраќање имаа заменик-градоначалникот Ане Крстеска и директорите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, професорот Сашо Недески и на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, професорот Ристе Јанкоски. Во своето […]
Во рамките на Erasmus+ проектот 2025-1-MK01-KA122-VET-000322410 – „Дуално образование за успех: Истражување на ефективни стратегии во образованието и обуката“, во тек е реализација на мобилност во Велење, Словенија, со домаќин Šolski center Velenje. Во десет дневната мобилноста учествуваат 10 ученици: Анастасија Чулческа, Владимир Недески, Александар Трпчевски, Константин Калачоски, Леона Чуркоска од II година; Ангелина Симиџиоска од […]
Наставата во второто полугодие од учебната 2025-2026 година започнува во вторник 20.01.2026 година со следниов распоред на смените: I смена со почеток во 07:30 часот II и IV година од сите струки и профили II смена со почеток во 13:30 часот I и III година од сите струки и профили На сите ученици и вработени им посакуваме добро здравје и успех во работата […]
На 25.12.2025 година ги одбележавме 59 години од постоењето на нашето училиште и патрониот празник. ДиректоротСашо Недески во своето обраќање истакна: Со голема чест и задоволство денеска сме тука, заедно, да го одбележиме патрониот празник на нашето училиште – ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Името на нашето училиште го носи споменот на големиот просветител, светител и […]
Еко-Тимот од ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ поддржан од РЗЦ Охрид, започна со локалната иницијатива „Еко генерација: Делуваме за промена!“ која се спроведува во рамки на проектот „Да учиме за климатските промени!“ Во чест на Патронот на нашето училиште беше спроведена иницијатива за садење дрвја и декоративни растенија во училишните парк. Проектот е поддржан […]
Врз основа на член 7 и член 8 од Правилникот за работа на меѓународни проекти и соработки донесен од Училишниот одбор и заверен под број 01-955/1 од 18.10.2023 година, Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид распишува: К О Н К У Р С за избор на 10 ученици, кои ќе бидат вклучени во Проектот 2025-1-МК01-KA122-VET-000322410 – […]
Во рамките на проектот „CRAFTROOTS“, 15 ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид под менторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески и 15 ученици од Гимназија „Обала“ – Сараево под менторство на професорите Аида Требињац и Ирниса Фејзић-Алић, успешно ги реализираа активнностите предвидени со младинската размена. Преку активности за запознавање и тим-билдинг, […]
На ден 3.12.2025 г. во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид беше спроведена крводарителска акција во соработка со Службата за трансфузиона медицина и Црвениот крст од Охрид. За оваа крводарителската акција беа собрани 34 крвни единици и нашиот Центар уште еднаш се покажа како општествено-одговорна институција. Дарувањето крв е највисок чин на човекољубие. […]
Еразмус+ мобилност во Охрид – „Know Disaster, Now Disaster“ Во периодот од 24 до 28 ноември 2025 година, нашето училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, претставено од учениците: Теона Стојановска, Емануела Дукадиновска, Ангелина Симиџиоска, Јана Кузманоска, Адријан Дине, Никола Ангелоски и Илија Чулчески, под менторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, беше […]