Blog
Работна средба-социјален дијалог „Учи паметно-работи стручно“
- February 13, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на ден 13.02.2026 година во организација на Општина Охрид, се одржа работна средба-социјален дијалог „Учи паметно-работи стручно“ На оваа средба свое обраќање имаа заменик-градоначалникот Ане Крстеска и директорите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, професорот Сашо Недески и на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, професорот Ристе Јанкоски.
Во своето обраќање директорот Сашо Недески истакна дека дуалното образование не е само модел на учење – тоа е мост меѓу теоријата и практиката, меѓу училницата и работното место. Со него, нашите ученици добиваат можност да стекнат знаења и вештини кои директно ќе ги подготват за пазарот на труд, а компаниите ќе добијат млади кадри кои веднаш можат да се вклучат во работниот процес.
Општина Охрид, со својата поддршка и визија, покажува дека вложувањето во младите е вложување во иднината на градот. Со оваа иницијатива, ние не само што им овозможуваме на учениците подобро образование, туку и ја зајакнуваме локалната економија и ја градиме заедницата врз темели на знаење, труд и соработка.
Драги ученици, искористете ја оваа можност. Бидете храбри, љубопитни и посветени. Вашиот успех е успех на сите нас.
Дозволете ми да изразам благодарност до сите кои придонесоа оваа идеја да стане реалност – наставниците, компаниите, родителите и, секако, Општина Охрид и Министерството за образование и наука како и Стопанската комора на Македонија. Заедно градиме пат кон иднина во која образованието е клучот за развој и просперитет.
Со оваа работна средба се одбележува еден значаен чекор во развојот на нашата општина – воведувањето и унапредувањето на дуалното образование. Оваа соработка меѓу образовните институции, локалната самоуправа и стопанството е доказ дека заедно можеме да создадеме подобра иднина за младите.



