Blog
Во рамките на проектот ,,Active Youth, Inclusive Society” како билатерално партнерство помеѓу Здруженијата Loesje од Битола и Mentalidade X од Португалија, на 26.11.2025 година, во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид беа пречекани претставниците од двете организации и им беше презентирано училиштето како институција и беа опфатени теми за можностите и придобивките што […]
На ден 17.11.2025 година нашиот долгогодишен партнер ОДВ-ЕЛЕКТРИК како општествено-одговорна компанија донираше 10 персонални компјутери за потребите на училиштето. Со оваа донација им се овозможува на учениците да имаат современи технички ресурси, кои директно ќе влијааат врз подобрување на нивните знаења, вештини и можности. Поддршката што ни ја дава ОДВ-ЕЛЕКТРИК претставува, исто така, значаен придонес […]
Ученикот Наум Смилевски од II-4 на 13.11.2025 г. учествуваше на 47. школа ,,Млади физичари” во организација на Друштвото на физичари на Република Македонија и освои прво место. Се претстави со модел со кој го објасни процесот за безжичен пренос на електрична енергија преку елктромагнетна индукција и електромагнетно поле.
Како дел од четвртиот Отворен повик на програмата за суперучилишта, околу 100-тина наставници од регионот, координатори на одобрените проекти за Суперучилишта, се придружија на Обуката за наставници во периодот од 11-14 октомври 2025 година во Охрид. Нашетото училиште, стана дел од оваа програма преку проектот “CRAFTROOTS” во соработка со Гимназијата Обала од Сараево, Босна и […]
Учениците Софија Кецкароска, Јана Кузманоска, Адријан Дине и Илија Чулчески, заедно со наставниците Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид во периодот од 05.10 до 11.10.2025 година учествуваа на петдневна мобилност во рамки на програмата Еразмус+ во градот Крајова, Романија. Домаќин беше Националниот воен колеџ „Тудор Владимиреску“, а проектот „Know Disaster, Now Disaster“ ги […]
На ден 10.10.2025 г. ученици од нашето училиште, заедно со проф. Ирена Ралева-Најдевска беа дел од Конференцијата „Beyond Digits – Финансиска писменост за инклузија“ во организација на Здружението ЦЕФЕ Македонија. Настанот се одржа во просториите на Europe House во Скопје. На Конференцијата беа потенцирани важноста на инклузијата, практичните решенија и потребата за иновативен пристап во […]
Врз основа на член 7 и член 8 од Правилникот за работа на меѓународни проекти и соработки донесен од Училишниот одбор и заверен под број 01-955/1 од 18.10.2023 година, Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид распишува: К О Н К У Р С за избор на 15 ученици, кои ќе бидат вклучени во Проект финансиски […]
На ден 30.9.2025 г. во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се одржа едукативно предавање во организација на АД Пивара Скопје. Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис, обуката „Вештини за успех” ги поттикна учениците за дополнителен напор за подобри резултати во барањето […]
На ден 26.9.2025 г. (петок) учениците беа на еднодневна екскурзија во посета на Опсерваториумот Кокино. Кокино е археолошки локалитет и мегалитска опсерваторија, лоцирана на околу 30 километри североисточно од градот Куманово. Се наоѓа на вулканскиот рид Татиќев Камен, на надморска височина од околу 1013 метри. Овој локалитет датира од бронзеното време, околу 1800 години пред […]
На ден 26.09.2025 г. во просториите на ОЕМУЦ,,Св.Наум Охридски”- Охрид беше остварена средба меѓу претставници од СВР Охрид , Општина Охрид и родители-членови на советот на родители. Тема на разговор беше безбедноста во сообраќајот на малолетните лица. СВР Охрид подолг период регистрира поголем број на прекршоци од страна на малолетни лица и за жал бележи […]