Вести
По повод Патронатот на нашето училиште, учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид учествуваа на наградниот литературен и ликовен конкурс на слободна тема и ги добија следниве награди: Литературен конкурс: Ученикот Алекс Сиљаноски од III 3 клас освои втора награда за поетска творба; Ученичката Андријана Огненоска од I-С клас освои трета награда за поетска […]
Во рамките на прославата на Патрониот празник на нашиот училиштен центар ви презентираме дел од активностите кои ги спроведуваат нашите ученици на часовите по практична настава од машинската струка и лични услуги. Машинска струка Лични услуги
Во рамки на проектот за Ученички иницијативи, Ученичката заедница и Младинската организација на нашето училиште во месец декември спроведоа хуманитарна скција- преку продажба на честитки и собраните средства ќе бидат доделени на ученици од нашиот Центар.
Жанета Стаиќ Митрески, професор по Ликовна уметност заедно со учениците од I година ни подготвија новогодишна ликовна изложба по повод Патрониот празник на нашиот електромашински центар Св. Наум Охридски – Охрид.
Ирена Ралева-Најдевска, лектор и професор по Македонски јазик и литература заедно со учениците од III-1 клас ни подготвија новогодишен скеч по повод Патрониот празник на нашиот електромашински училиштен центар Св. Наум Охридски – Охрид. Среќна Нова 2022 година!
На 30.11.2021 година во организација на Македонскиот центар за граѓанско образование во Скопје се одржа првиот дигитален саем на средно стручно образование. На овој дигитален саем зедоа учество и професорите Љупчо Балески и Гоце Георгиевски, како и учениците од IV-5 клас: Евгенија Шулевска, Марио Анѓелкоски и Христијан Бајмакоски, кои ги изнесоа своите искуства од одвивањето на […]
Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид учествуваа на наградниот литературен и ликовен конкурс при Општинската организација Црвен крст од Охрид на тема: „Заедно за убав и хуман свет“ и освоија прво, второ место и пофалница. Литературен конкурс: Ученичката Андријана Огненоска од I-С клас освои прва награда за најдобра поетска творба, а ученикот Никола […]
Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, денес 12.11.2021 година во 10:30 часот во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ во Охрид беше спроведена показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес. Во показната вежба учествуваа учениците и наствниците од првата смена. Вежбата се реализира според претходно утврдено и разработено сценарио […]
Со појавата на пандемијата на Covid-19 дојде до големи промени во начинот на изведувањето на наставата. Во голем број земји во Европа, настана прекин во изведувањето на настава со различно траење (од неколку недели, па се до неколку месеци), а во некои земји наставата продолжи да се изведува на далечина. Во тие моменти се забележа […]
Почитувани, Ми претставува посебна чест и задоволство да Ве известам дека конзорциумот составен од компаниите Kostal, ODW-Elektriik, LTH-Learnica и OЕМУЦ ”Св. Наум Охридски” – Охрид го добија грантот за набавка на современа дидактичка опрема во вредност од 580.000 евра од RCF-fond поддржан од германската KFW банка кој треба да се реализира во наредниот период.Изразувам посебна […]