Blog
На 22.05.2026 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид се одржа Ден на отворени врати за учениците од завршните одделенија од основните училишта во Охрид.
Посетителите имаа можност да се запознаат со сите струки и профили кои се изучуваат во нашиот центар . На учениците им беа презентирани просторните услови за теоретска настава, како и кабинетите и работилниците каде што се реализираат практичните вежби .
Учениците се запознаа и со меѓународните проекти во кои активно учествува нашето училиште , стекнувајќи увид во можностите за мобилности и интеркултурно учење.
Во рамките на отворениот ден, свои презентации имаа и компаниите‑партнери кои соработуваат со нашиот центар во спроведувањето на концептот на дуално образование , претставувајќи ги можностите за практична настава и професионален развој.
Настанот помина во позитивна и инспиративна атмосфера, исполнета со интерес и нови можности за идните средношколци.













