Вести
На 22.2.2023 г. во малата сала на Општина Охрид се одржа работен состанок со Одделот за млади и невладини организации на кој учество зедоа и ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Целта беше да се дискутира за поактивно вклучување на младите во носењето младински одлуки.
На општинскиот натпревар по математика што се одржа на 04.02.2023 година учествуваа и учениците од прва година Славчо Мургоски и Владимир Каланоски под менторство на професорката Емилија Колевска, при што и двајцата постигнаа одлични резултати. Ученикот Владимир Каланоски освои 80 поени, а ученикот Славчо Мургоски освои 71 поен со што и двајцата ученици ја освоија […]
Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, г-нот Кирил Пецаков од 25.01.2023 година, Сашо Недески, професор по математика, е реизбран за директор на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид На директорот Сашо Недески му посакуваме успешна работа во новиот четиригодишен мандат.
Се известуваат сите ученици и наставници дека наставата во второто полугодие во учебната 2022/23 година ќе започне на 23.01.2023 година (понеделник) со следниот распоред на смени: I смена во 07:30 часот II и IV година од сите струки и профили II смена во 13:30 часот I и III година од сите струки и профили На […]
На ден 23.12.2022 година во просториите на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ се одбележа патрониот празник на Центарот и 56 години од неговото постоење. Директорот Сашо Недески истакна: „Динамичен е воспитно образовниот процес кој треба да е во чекор со времето, континуирано да се модернизира и ги прати современите текови на науката и техниката. Секојдневната соработка со […]
Нашата ученичка Мартина Петреска ќе учествува на Европското првенство во карате во категоријата кумите-47 кг кое ќе се одржи на Кипар во периодот од 03.02 до 05.02.2023 година. Мартина започна да тренира карате на 5-годишна возраст кога го освои и првиот златен медал во категоријата ката индивидуално за деца. Во оваа категорија, на државните натпревари […]
На ден 23.11.2022 г. во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид беше спроведена крводарителска акција во соработка со Службата за трансфузиона медицина-Охрид и Црвен крст Охрид. За оваа крводарителската акција беа собрани 30 (триесет) крвни единици, што навистина е реткост и ОЕМУЦ уште еднаш се покажа како општествено-одговорна институција. Благодарност за […]
Градоначалникот Кирил Пецаков, денес беше во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ којшто периодов со финансиска поддршка на локалната власт доби нова најсовремена oпрема која го олеснува воспитно образовниот процес, а на учениците им овозможува пристап до информации. По распишан тендер и јавна набавка со средства од Општина Охрид, училницата по информатика се опреми со […]
На 17.11.2022 година во Скопје се одржа главниот настан од проектот GreenTech Entrepreneurship Challenge на кој тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, составен од учениците: Климент Маријаноски, Дарко Крлески, Александар Спасеновски, Кристијан Ѓорески и Андреј Ванѓеловски, под менторство на професорката Ирена Ралева Најдевска со проектот „TrashPinger“ го освои првото место, а учениците беа прогласени за […]
На 15.11.2022 година во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје се одржа овогодинешниот саем на добавувачи од балканските земји SUBEX 2022. Како дел од овој саем учествуваа и учениците и професори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Во рамките на оваа манифестација се изврши свечено доделување сертификати од страна на амбасадорот на Република Германија […]