На 22.2.2023 г. во малата сала на Општина Охрид се одржа работен состанок со Одделот за млади и невладини организации на кој учество зедоа и ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Целта беше да се дискутира за поактивно вклучување на младите во носењето младински одлуки.