Blog
ЕРАЗМУС денови 2026 во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид!
- October 15, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Млади луѓе. Реални искуства. Поголеми можности!
На 15 октомври 2026 година, во нашето училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, ги одбележавме Еразмус деновите со настан посветен на меѓународната соработка, учењето преку искуство и можностите што ги нудат програмите Erasmus+.
Настанот го отвори директорот Сашо Недески, кој со својот мотивациски говор ги охрабри учениците активно да се вклучуваат во Еразмус+ проектите, да стекнуваат нови знаења и вештини, да запознаваат други култури и да ги искористат можностите за личен и професионален развој.
Беше претставен колаж од фотографии од досега реализираните Еразмус+ мобилности, преку кој присутните имаа можност да ги проследат нашите активности, патувања, соработки и незаборавни моменти.
Посебна вредност на настанот му дадоа учениците кои веќе биле дел од Еразмус+ мобилностите. Тие ги споделија своите лични искуства, впечатоци и стекнати знаења, потврдувајќи дека учеството во вакви проекти отвора нови хоризонти, создава пријателства и носи можности за учење надвор од училишните клупи.
Организацијата на настанот ја реализираа професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, со цел да се поттикнат интересот, мотивацијата и активното учество на учениците во идните меѓународни проектни активности.
Продолжуваме да создаваме можности за нашите ученици, да ги охрабруваме да сонуваат големи соништа и да учат без граници!
Еразмус+ – повеќе од мобилност, можност кон иднината!







