Во Охрид, младите од ЛАПСИ ја заокружија локалната фаза со презентација на своите проектни идеи пред комисија.
Петте тимови ги претставија своите проекти, предизвиците на кои работеа и иновативните решенија што ги предлагаат.
Од петте презентирани идеи, беа избрани три кои ќе го претставуваат Охрид на Националниот ЛАПСИ форум. Особено сме горди што две од трите избрани екипи се од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“!
Им честитаме на сите учесници за вложениот труд, креативноста и одлично презентираните идеи, а на нашите две екипи им пoсакуваме многу успех во понатамошната селекција.