Blog
Засадивме генерациско дрво – оставаме трага за идните генерации!
- September 22, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Учениците од нашето училиште, членови на Младинската заедница, денес засадија генерациско дрво, како симбол на заедништво, младински активизам, грижа за животната средина и одговорност кон идните генерации.
Акцијата е дел од проектот „Зелено е убаво“, реализиран во соработка со Општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“, САЛАР Интернационал и Република Шведска.
Посебен придонес во реализацијата на активноста има Драгана Карашова, активистка и координаторка на проектот, која преку својата посветеност ги поттикнува младите активно да се вклучуваат во иницијативи за почиста, позелена и поубава средина.
Едно дрво денес – една зелена приказна за иднината.
Нека расте заедно со нашите генерации, како потсетник дека малите чекори можат да создадат големи промени!




