Blog
Честито матуранти од генерацијата 2025/26!
- August 27, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На ден 25.08.2026 година свечено беа доделени дипломите на нашите матуранти од генерацијата 2025/26.
По четири години исполнети со учење, труд, предизвици, дружење и многу успеси, дојде моментот да кажеме: Браво, матуранти!
На матурантите им се обрати заменик градоначалничката Ана Крстеска и Сашо Недески директорот на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“.
Во рамките на свеченоста, на сите ученици со континуиран успех им беа доделени пофалници како признание за нивната посветеност, труд и постигнати резултати.
Посебно признание заслужија:
Андреа Савиќ – првенец на генерацијата
Јана Кузманоска – добитник на пофалница за посебна афирмација на нашето училиште
Горди сме на сите вас! Вашиот успех е резултат на вашата работа, но и на посветеноста на вашите професори, ментори, родители и партнери од компаниите.
Дуалното образование ви овозможи покрај знаењето да стекнете и практични вештини и искуства, подготвувајќи ве за предизвиците што ве очекуваат.
Драги матуранти, пред вас е нов пат, нови можности и нови предизвици.
Бидете храбри, чесни, упорни и свои. Верувајте во себе и секогаш давајте го својот максимум!
Не заборавајте дека ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид секогаш ќе биде вашиот втор дом, а вратите на училиштето секогаш ќе бидат отворени за вас.
Ова не е збогум – ова е само „Се гледаме наскоро!“
Честито, генерацијо 2025/26!
Ви посакуваме многу успех, среќа и светла иднина!








