Blog
Хуманитарен концерт на учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- April 30, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 29.4.2026 година, учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, под менторство на проф. Жармена Китрозоска, организираа хуманитарен концерт со цел да се обезбеди помош на матурантите од социјално загрозените семејства. На настанот кој се случи во спортскиот терен на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”, учениците од Центарот ги покажаа своите таленти во музика, танцување и стендап уметност.
Исто како и минатата година, учениците покажаа голема хуманост, несебичност, позитивна енергија и една сплотеност во заедничка хумана мисија. Концертот го водеа секогаш хуманиот Вик Какаротски и ученичката од Центарот Јана Кузманоска која допрва ќе се докажува во водителството. Овој концерт кој траеше речиси два часа е само потсетник дека не беше тоа само забава, туку дека малите гестови прават голема разлика.









