На ден 27.4.2026 г., ученици од прва до четврта година од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид, придружувани од професорките по македонски јазик: Билјана Попоска, Жармена Китрозоска, Ирена Ралева-Најдевска, Милица Ристевска и Магдалена Ѓероска-Радическа, со поддршка од директорот на Центарот, Сашо Недески, реализираа едукативна посета на Саемот на книгата во Скопје. Посетата беше организирана со цел да се поттикне интересот на учениците кон литературата, да се збогати нивното читателско искуство и да се негува трајна навика за читање книги. Учениците имаа можност да се запознаат со најновите изданија, да разгледаат разновидна книжевна понуда и да ја почувствуваат атмосферата на еден од најзначајните културни настани во земјата.