Blog
Нашето училиште дел од европска приказна: учениците ги претставија Еразмус+ проектите пред меѓународни гости
- March 10, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Нашето училиште беше домаќин на студиска посета на група младински работници и претставници на младински организации од повеќе европски земји. Посетата се реализира во рамки на Еразмус+ проект кој претставува семинар за вмрежување на младински работници .
Целта на проектот е размена на искуства меѓу учесниците , споделување на добри практики од нивната работа со млади, како и креирање нови идеи за идни партнерства и заеднички проекти меѓу организациите од овие земји .
Од страна на нашето училиште, презентација за Еразмус+ искуството одржаа учениците од класовите II-5 и IV-5, кои учествуваа во последниот Еразмус+ проект – Дуално образование за успех: Истражување на ефективни стратегии во образованието и обуката реализиран во Велење, Словенија 🇸🇮. Учениците ги запознаа присутните и со другите реализирани Еразмус+ проекти меѓу кои е и проектот KNOW DISASTER, NOW DISASTER, како и многуте eTwinning и RYCO проекти во нашето училиште, споделувајќи ги своите искуства, стекнатите знаења и придобивките од меѓународната соработка.
На настанот присуствуваа и професорката по англиски јазик Борка Секулоска Вретоска и заменик – директорката Билјана Ристоска, кои ја поддржаа презентацијата на учениците и разговорот со меѓународните гости.
Посетата претставуваше одлична можност за размена на идеи , искуства и инспирација за идни активности и соработки во областа на младинската работа и образованието.







