Blog
Училишен натпревар во профилот Техничар за козметичка нега и убавина
- February 14, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во рамките на проектот ,,Вештини за иднината/Skills 4 Future” во соработка со Занаетчиската комора на Македонија, а во организација на средното училиште ОЕМУЦ ,,СВ. Наум Охридски” – Охрид на ден 13.2.2026 година, беше одржан училиштен натпревар во образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина во областа шминкање на тема ,,Свечена шминка”.
На натпреварот учествуваа девет ученички кои беа подготвувани од страна на менторите за професионална шминка Сашко Георгиески од студио,, Арс Нова” , Есма Сабри од студио ,,С- лејди” , Симона Попоска – шминка и проф. Жанета Стаиќ. Натпреварувачите имаа можност да ги покажат своите таленти и умешност во областа на шминкањето. Од нив, беа избрани четирите ученички Ресмије Селоска, Матеа Стојкоска, Сумеја Пилиќ и Адела Мехмедоска, како победници, да продолжат понатаму и воедно се стекнаа со правото да учествуваат на регионалниот натпревар во шминкање во претстојниот период.
Им посакуваме успех!








