Во нашето училиште од страна на Интерстаб Скопје е доставена опремата Hidraulic and pneumatic training set. Оваа опрема е набавена преку проектот на RCF фондот во кој партнери се нашето училиште и компаниите ЛТХ Леарница, Костал и ОДВ Електрик и таа е во вредност од сто илјади евра. Заедно со останатата опрема и машини кои треба да пристигнат во наредниот период ќе се заокружи една целина за успешна реализација на наставниот процес особено практичната настава и вежби.
Благодарност до РЦФ фондот, компаниите партнери на ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ и довавувачот на опремата Интерстаб Скопје.