Blog
Конкурс за пријавување на ученици за RYCO проект во Ужице
- October 10, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Врз основа на член 7 и член 8 од Правилникот за работа на меѓународни проекти и соработки донесен од Училишниот одбор и заверен под број 01-955/1 од 18.10.2023 година, Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид распишува:
К О Н К У Р С
за избор на 14 ученици, кои ќе бидат вклучени во Проектот CHANGE (Cultural Historical Application Natural Generation Education). Проектот е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на RYCO Superschools програмата, која е дел од мултидонаторски проект, кофинансиран од Европската унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со RYCO.
Мобилноста ќе се изведе во периодот од 08.12.2024 до 14.12.2024 година во Ужице, Република Србија.
Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за учество во овој проект треба да достават:
- Кратка биографија
- Мотивационо писмо (Зошто сакаш да се вклучиш во овој проект? На кој начин можеш да придонесеш во проектов? Темата на овој проект е примена на Мобилни апликации за мапирање на културно-историски и природни знаменитости и споменици )
- Пополнат формулар (кој може да се преземе од следниов линк Пријава )
- Ковертот со документацијата се доставува во канцеларијата на Сменоводителите во посебна назначена кутија за Erasmus и RYCO проекти, не подоцна од 10.2024 година.
- На ковертот задолжително да се наведе за кој конкурс се однесува подготвената документација (RYCO)
Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:
- познавање на англиски јазик
- учество на eTwinning проекти
- успех од претходната година
- поведение
- мотивационо писмо
- да имаат патна исправа/пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на пристигнувањето во Србија
- ученик кој може да прими ученик од партнерското училиште во својот дом и да му обезбеди преноќиште, појадок и вечера
Според условите на проектот, сместувањето на учениците ќе биде кај ученици. Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици односно ученици со помалку можности.
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридкси“-Охрид
Директор
Сашо Недески