Во тек е Еразмус + проект ,,Green is the future” во организација на Youth Improvement Centar од Грција и Здружението Loesje од Битола. Членовите на ЛМО при ОЕМУЦ се учесници на овој проект кој се реализира во Солун и имаат можност да го претстават својот труд и да споделат со останатите младинци од Европа за заложбите што ги прават за заштита на животната средина организирајќи многубројни акции за собирање отпад и претставувајќи го Центарот како општествено-одговорна институција.
На овој проект учествуваат 56 учесници од: Грција, Португалија, Латвија, Хрватска, Турција, Белгија и Франција.