Blog
ЦЕФЕ ГЛОБАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО 2024
- June 26, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На ден 26.6. 2024 г. нашето училиште ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид како партнер на проектот САПЕ – Зајакнување на претприемничките компетенции на практикантите од средните стручни училишта беше дел од Глобалната конференција за Претприемништво 2024 организирана од CEFE Macedonia – ЦЕФЕ Македонија.
Општата цел на конференцијата беше промовирање на претприемништвото и потребата за негова застапеност во образовниот систем. Токму затоа, на оваа панел-дискусија претставниците од нашиот Центар ги споделија своите позитивни искуства во спроведувањето на овој проект и тоа во делот на воннаставните активности во рамки на ЛМО при ОЕМУЦ.
На конференцијата присуствуваа:
Претставници од образование: едукатори, обучувачи, професори, фасилитатори, наставници, учители, ментори, ученици и студенти;
Претприемачи;
Претставници на туристички сектор;
Претставници на јавни институции, поддржувачи на образованието и креирачи на политики.
Заинтересирани за претприемништво, бизнис и доживотно учење.









