На 23.05 и 28.05.2024 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се одржаа денови на отворени врати за учениците од завршните одделенија од основните училишта во Охрид. На овие отворени денови учениците имаа можност да се запознаат со сите струки и профили кои се изучуваат во нашиот центар. На учениците од основните училишта им беа презентирани просторните услови за изведување на теоретска настава и кабинетите каде се изведуваат практичните вежби.
Во рамките на отворениот ден на 23.05.2024 година своја презентација имаа и компаниите кои се наши партнери при спроведувањето на концептот на дуално образование.