Blog
Посета на наши ученици на спомен-куќата на Христо Узунов и Градската библиотека
- March 14, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 11.3.2024 до 14.3.2024 г. учениците од трета година (III-1, 2, 3, 4 и 5) од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, заедно со професорката по македонски јазик и литература – Ирена Ралева-Најдевска ја посетија спомен-куќата на Христо Узунов каде што имаа можност да се запознаат со историчарот Горан Митрески, вработен овде и кој на учениците им одржа кратко предавање за Солунските атентатори познати под името Гемиџии со посебен акцент на гемиџијата Марко Бошнаков, нашиот охриѓанец, кој го дал својот живот за татковината.

Откако завршија со посетата на спомен-куќата, учениците и професорката се упатија во просториите на НУБ „Григор Прличев“ и во Прличевата одаја го обработија романот „Пустина“ на Ѓорѓи Абаџиев, во кој станува збор токму за двајцата преживеани Гемиџии. Овој историско-психолошки роман на Абаџиев говори за саможртвата на Македонецот во обидот за ослободување од тиранијата, притоа нанесувајќи огромни штети по капиталот на Османлиите.

Голема благодарност до сите вработени во спомен-куќата на Христо Узунов и до Градската библиотека за можноста овој час да биде реализиран на поинаков начин надвор од училишните клупи. Благодарност и до Бети Лазеска-Симоноска, вработена во Библиотеката, за исцрпната анализа на романот.










