На ден 20.10.2023 г. учениците од нашиот Општински електромашински училиштен центар ,,Св. Наум Охридски” од Охрид беа на еднодневна екскурзија во Скопје и ги посетија факултетите:
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ
Машински Факултет Скопје
На оваа екскурзија присуствуваа 280 ученици од Центарот и 12 професори. Учениците имаа можност да ги посетат лабораториите од трите факултета и да се информираат за модулите што ги нудат овие институции каде што би го продолжиле своето образование во иднина.