Во периодот од 11.10.2023 г. до 17.10.2023 г. членовите од ЛМО при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид беа вклучени во Еразмус + проект: „Cultural Roots“ (2022-3-МК01-КА152-YОU-000098968), кој беше организиран од страна на @Xanadu Art. Во овој проект беа вклучени учениците: Ангел Крстески (претседател на ЛМО) и Давид Каланоски (член на ЛМО), при што учениците имаа несекојдневна можност да се стекнат со нови искуства и да се другаруваат со младинци од: Полска, Чешка, Бугарија и Хрватска. Исто така, учениците се стекнаа со европски сертификати за учеството.
Целта на проектот беше пронаоѓање на културните „корени“ меѓу земјите-учесници, со идеја да се препознаат сличностите меѓу секоја од нив.