Blog
Основање на новиот состав на Комисијата за дуално стручно образование на АХК С. Македонија
- October 5, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 15.9.2023 година АХК Северна Македонија ја организираше четвртата средба на Комисијата за дуално стручно образование. На средбата беше официјално избран и третиот состав на Комисијата, чијшто мандат трае три години. Првата Комисија беше основана уште во 2017 година и оттогаш истата редовно се состанува. Во новиот состав на Комисијата членуваат претставници од петнаесетте компаниите партнери и седумте средните стручни училишта, како и еден претставник од Германската амбасада, коишто се директно вклучени во процесот на дуално стручно образование.
Комисијата за дуално образование на АХК Северна Македонија е значајно тело каде што се дискутираат сите релевантни прашања во врска со спроведувањето и унапредувањето на дуалното образование по германски модел и меѓусебно се споделуваат искуства.
Во комисијата за дуално образование членови од нашето училиште се директорот Сашо Недески, кој во неа е од самото основање и професорот Ангеле Буџакоски.
Им посакуваме успешна работа.