Blog
Green Solution Hakaton
- September 17, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 15 и 16-ти септември 2023 година во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа годинешниот Green Solution Hakaton во рамките на активноста Млади активно создаваат можности, на кој учество зедоа 15 тимови од ученици, студенти и други млади луѓе спремни за отпочнување сопствен бизнис. На дводневните активности и работилници тимовите од студенти и млади претприемачи развиваа зелени идеи за решавање на еко предизвиците во нивните заедници. Тие имаа можност да разговараат за своите идеи со Кристофер Доџ, вршител на должноста директор на Канцеларијата за економски раст на УСАИД во Северна Македонија, кој го посети хакатонот.
За прв пат оваа година на Green Solution Hakaton зедоа учество и три тима од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Тимот Green Force составен од учениците од III-3 клас: Климент Маријаноски, Дарко Крлески, Ана Спироска, Ана Атанасовска и Александар Спасеновски под менторство на професорката Ирена Ралева-Најдевска ја презентираа својата апликација за пријавување на диви депонии Trash Pinger.
Тимот ЦеХа4 составен од учениците Ангелина Симиџиоска од I-5, Андреа Савиќ, Јана Кузманоска и Владимир Каланоски од II-4 под менторство на професорката Јорданка Недеска Симиџиоска се претставија со својата идеја за производство на биодигестери за производство на биогас од органски отпад.
Тимот EW Recycle составен од учениците Драгана Божиноска од I-5, Мелани Тасеска и Кети Јоноска од II-4 и Арсениј Ѓоршески од III-1 клас под менторство на професорот Љупчо Балески ја претставија идејата за рециклирање на електронски отпад со цел добивање на секундарни суровини од отпадот како што се железо, бакар, злато и алуминиум.
Иако учениците доаѓаат од средно стручно училиште во кое не се изучуваат предмети поврзани со бизнис, маркетинг и економија, тимовите успешно и вешто ги презентираа своите бизнис идеи пред стручно жири составено од претставници на банки и Startap организации.
Овој настан претставуваше уште едно искуство за нашите ученици и професори и голема можност за стекнување на знаења поврзани со развојот и реализацијата на бизнис идеи и планови.




















