Во периодот 28.05-02.06.2023 година се изведе повеќедневна екскурзија од научен карактер низ неколку градови од Западна Европа. На ексурзијата учествуваа 130 ученици од трета година, при што беа посетени градовите Будимпешта, Прага, Дрезден и Виена.
Со помош на професионални туристички водичи обезбедени од страна на организаторот на оваа ексурзија Туристичката агенција „Вис Пој“ од Охрид, учениците беа запознаени со културно историските знаменитости во овие градови. Беа посетени Карловиот мост во Прага, палатите Белведере и Шонбурн во Виена, како и центарот на Дрезден и Виена. Во рамките на екскурзијата имаше и прошетка со брод по реката Влтава во Прага.