На ден 20.4.2023 г. учениците од Локалната младинска организација при ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид беа на еднодневна екскурзија на релација Кичево- Крушево-Битола-Охрид. Во Крушево го посетија манастирот ,,Свето Преображение”, потоа беа во посета на спомен-куќата на Тоше Проески и уште два часа имаа време за прошетка во Битола.
На оваа екскурзија присуствуваа 322 младинци од прва до четврта година, заедно со професорите и со директорот на Центарот.