Blog
Нашиот ученик Јорданчо Тупаноски учесник на Еразмус проект на тема „Fast fassion”
- April 1, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Се пријавив на Erasmus на тема ,,Fast fashion” (Брза мода) и бев прифатен да учествувам.
Проектот започна на 20.3.2023 година.
Пристигнав во хотелот „Солферино“ во Струга, кој е сместен на самиот брег на Охридското Езеро.
Активностите започнаа на 21.3.2023 год. поради доцнење на летовите на останатите членови во проектот.
По појадокот, започнавме со меѓусебно запознавање преку игри кои беа зададени од страна на координаторот.
22.3.2023 – истражувавме за „Fast fashion“, а потоа се поделивме во национални групи и направивме презентации за „Fast fashion“ врз основа на државата во која живееме.
23.3.2023 – беше денот кога ние, учесниците од Македонија, ги прошетавме останатите учесници во нашиот убав Охрид.
24.3.2023 – научиме како да зашиeме скината облека и копчиња. Потоа посетивме текстилна фабрика во Струга и се запознавме со процесот на изработка на облека. По ручекот, научивме како од искористени најлончиња да рециклираме и да направиме нешто според нашите потреби. На крајот се одржа и интернационална вечер – вечер на која секој учесник носеше традиционална храна од земјата од каде што потекнува со цел учесниците од другите национални припадности да вкусат храна од друга земја.
25.3.2023 – ни беа доделени дипломи и секој од нас ги сподели импресиите од овој проект. На крајот сите се поздравивме и тргнавме на пат за дома.
26.3.2023 – по појадокот, сите се порздравивме и си отидовме дома.