На општинскиот натпревар по Англиски јазик кој се одржа на 18.03.2023 година, нашите ученици постигнаа одлични резултати. Учениците Андреа Савиќ од I година и Андреј Цацаноски од III година освоија прво место, ученикот Виктор Попов од III година освои второ место , а ученикот Филип Гугоски од I година го освои третото место. Учениците беа под менторство на професорката по Англиски јазик, Борка Секулоска Вретоска.
Под менторство на професорката по Англиски јазик, Ива Стрезоска Кичеец, на овој натпревар ученичката Фросина Нечоска од втора година го освои второто место, а ученичката во втора година Ана Спироска го освои третото место.
Сите ученици се стекнаа со право на учество и на регионалниот натпревар.
На учениците и менторите им честитаме за освоените награди и им посакуваме успех и на регионалниот натпревар.