На 15.03.2023 година ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ претставен од директорот Сашо Недески и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, претставен од проректорот Устијана Речкоска Шикоска потпишаа Меморандум за соработка. Целта на овој Меморандум е да се воспостави соработка во многу области како што се остварување на образовна и научна соработка со користење на современи трендови на информатичко-комуникациските технологии, реализација на заеднички научни, административни и развојни проекти и имплементација на различни форми на научно истражување, информации и техничка помош.