Blog
Работилница за склопување на мехатронички сетови
- March 14, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 09 до 11.03.2023 година во КОСТАЛ Македонија се одржа тридневна работилница за монтажа на мехатронички сетови кои се донирани од Делегацијата на германското стопанство во Македонија. На оваа работилница учествуваа учениците и наставници од Охрид, Велес, Прилеп, Кавадарци и Битола, како и ментори од компаниите кои се партнери во дуалното образование.
Од нашиот училиштен центар на оваа работилница зедоа учество учениците од IV година од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника под менторство на професорот Љупчо Балески. Акцентот на оваа работилница беше воведување на современа дидактичка опрема-сетови за мехатроника, кои ќе се користат за подготовка и полагање на завршните практични испити по германски стандарди











