На 04.03.2023 година се одржа регионалниот натпревар по математика за учениците од средните училишта. На овој натпревар учествуваа и учениците од прва година Владимир Каланоски и Славчо Мургоски под менторство на професорката Емилија Колевска. При тоа ученикот Владимир Каланоски освои III награда со што доби право да учествува и на Државниот натпревар по математика.
На ученикот Владимир Каланоски и на меноторот Емилија Колевска им честитаме за освоената награда и им посакуваме успех и на Државниот натпревар по математика