Blog
Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во посета на МАНУ, Институтот за македонски јазик и Филолошкиот факултет во Скопје
- October 28, 2022
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На ден 25.10.2022 г. учениците од OЕМУЦ ”Св. Наум Охридски” – Охрид, заедно со проф. Ирена Ралева-Најдевска беа на екскурзија во Скопје во посета на: Македонска академија на науките и уметностите, Институт за македонски јазик во спомен-собата на Мисирков и на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје со цел да ги прошират стекнатите знаења по македонски јазик и литература. Исто така, имаа несекојдневна можност да се сретнат со еминентни професори кои несебично и посветено им ги претставија сите институции и успеаја да им го задржат вниманието.
Благодарност до:
Проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” што овозможи прием на учениците, до
Љубомир Ѓоревски, раководител на Архивот на МАНУ за исцрпното двочасовно објаснување, како и до проф. д-р Лидија Тантуровска од Институтот за прекрасното предавање за ликот и делото на Мисирков.











