Blog
Презентација на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во основните училишта од Охрид и Струга
- May 23, 2022
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во пресрет на уписите за средно училиште кои ќе се изведат во текот на месец јуни, професори од сите струки при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во периодот од 23 до 26. 05.2022 година ќе го претстават нашиот училиштен центар пред деветоодделенците од основните училишта од Охрид и Струга.
При презентациите ќе бидат претставени сите струки и профили кои се изучуваат во нашиот училиштен центар, а деветоодделеницте ќе бидат запознаени со предности кои ги нуди учењето на стручното образование. Исто така на 27.05.2022 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе се одржи и отворен ден на кој сите посетители ќе може да се запознаат со начинот на изведување на наставата во нашиот центар, а своја презентација ќе имаат и нашите партнерски компании од концептот на дуалното образование Костал, ОДВ Електрик, ЛТХ Леарница и Магна.
Учи паметно, учи стручно!
За сите подетални информации поврзани со уписот во средно образование погледнете го огласот за упис во прва година во учебната 2022-2023 година