Blog
Успешна реализација на обуката за наставници од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Костал
- February 16, 2022
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Со пригодна свеченост во просториите на Општина Охрид, денес, беа врачени сертификатите на наставниците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ кои беа дел од обуката за наставници и ученици во „Костал“ Македонија – „Напредни технологии во автомобилскиот сектор“. Обуката се реализира во рамки на проектот за унапредување на средното стручно образование во општините.
Проектот е подржан од Општина Охрид, „Костал“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски’, а се реализира во рамките на швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија“. Вкупната вредност на проектот е околу 25 илјади евра.
Во рамки на обуката, од април 2021 година до декември 2021 година , се спроведоа над 1800 часови обука за 14 наставници и презентации за 30 ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Од учениците кои веќе посетувале пракса во „Костал“, двајца се веќе во редовен работен однос, додека за другите изготвена е ранг листа согласно потребите од работни позиции во комапнијата.