Blog
Литературен и ликовен конкурс по повод Патрониот празник
- December 30, 2021
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
По повод Патронатот на нашето училиште, учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид учествуваа на наградниот литературен и ликовен конкурс на слободна тема и ги добија следниве награди:
Литературен конкурс:
Ученикот Алекс Сиљаноски од III 3 клас освои втора награда за поетска творба;
Ученичката Андријана Огненоска од I-С клас освои трета награда за поетска творба;
Ликовен конкурс:
Ученикот Селмир Рамадан од I-А клас освои прво место за најдобра ликовна творба (техника мек молив);
Ученичката Бојана Стрезоска од II 4 клас освои втора награда за ликовна творба (техника мек молив);
Ученичката Емилија Стојаноска од I К освои трета награда за ликовна творба (техника мек молив).
Исто така, на ликовниот конкурс пофалница добија:
Натали Ѓузелоска од I С клас;
Андријана Огненоска од I С клас и
Емилија Митреска од II С клас.
Честитки за освоените награди и ви посакуваме уште многу, многу успеси во иднина!
Исто така, учениците од нашиот електромашински училиштен центар учествуваа во изработка на проект за новинарство.
За таа цел, Ирена Ралева-Најдевска, лектор и професор по Македонски јазик и литература, вработена во Центарот, организираше средба со новинарките од Охрид, Росица Голабоска и Соња Рилкоска кои несебично се вклучија во овој проект и им помогнаа на учениците во изработката.
Интервјуто го направија:
1. Дарко Крлески од I 2 клас;
2. Давуд Демо од I 1 клас;
3. Џенис Асаноски од I 1 клас и
4. Алмир Бајрам од I A клас.
Честитки за учениците што го изготвија проектот.
Нека ни е честит Патронот на нашето училиште ,,Св. Наум Охридски” – Охрид.