Blog
Показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес на учениците и вработените во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- November 12, 2021
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, денес 12.11.2021 година во 10:30 часот во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ во Охрид беше спроведена показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес. Во показната вежба учествуваа учениците и наствниците од првата смена.
Вежбата се реализира според претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес и пожар со кое беа запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и останатите учесници. При изведувањето на вежбата беа користени сите три влеза во училишната зграда и тоа главниот влез, службениот влез и влезот кај работилниците.
Вежбата имаше превентивен карактер, а целта беше подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди. Показната вежба беше успешно спроведува согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата, а со почитување на препораките за заштита од Ковид 19.