Blog
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ дел од проектот DigitalVET
- November 5, 2021
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Со појавата на пандемијата на Covid-19 дојде до големи промени во начинот на изведувањето на наставата. Во голем број земји во Европа, настана прекин во изведувањето на настава со различно траење (од неколку недели, па се до неколку месеци), а во некои земји наставата продолжи да се изведува на далечина. Во тие моменти се забележа потребата од воведување на различни начини за изведување на наставата и совладување на одредени пречки особено при изведувањето на стручните предмети во стучните технички училишта. Тоа ја наложи потребата од воведување на виртуелни лаборатории или платформи за симулација.
Овие проблеми секоја држава, односно секој образовен систем ги решаваше на различни начини. Бидејќи образовните системи посебно средните стручни технички училишта и покрај своите национални карактеристики се соочуваат со слични проблеми и потешкотии, доведе до развој на идејата за создавање на дигитално училиште односно DigitalVet.
Проектот DigitalVet претставува проект финансиран од програмата Еразмус кој ги спојува партнерите од 6 држави од Европа. Главен носител на овој проект е GULCUK MTAL од Турција, а како партнери во проектот се ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Македонија, 2nd School Laboratory Center of Heraklion од Грција, INTER COLLEGE APS од Данска, ROBKOD од Турција, INSTITUTO ESPECIFICO DE FORMACION PROFESIONAL SUPERIOR MIGUEL ALTUNA од Шпанија и Galway and Roscommon Education & Training Board од Ирска.
Почетокот на овој проект се означи со подготвителниот состанок кој се одржа на 02 и 03 ноември 2021 година во Галвеј, Ирска. Домаќин на овој состанокот беше Galway and Roscommon Education & Training Board и на него зедоа учество сите партнерски организација. Поради рестрикциите во патувањата поврзани со пандемијата Covid 19, нашето училиште учествуваше преку лниковска врска со посредство на апликацијата Zoom. На оваа средба секој учесник имше свое кратко претставување, во кое го претстави своето поле на работа, впечатоците и очекувањата од овој проект.
На состанокот беше презентирана временската рамка за спроведување на предвидените активности, распоредот на средбите и целта на секоја средба, се изврши распределба на задолженијата на секоја партнерска организација, финанскиот план и финансиските извештаи за изведување на активностите како и изгледот на самата платформа за учење на далечина.
Состанокот помина во многу пријатна и позитивна атмосфера со што се покажува посветеноста на сите партнерски организации за успех на целиот овој проект.